Објавен шокантен разговор од убиецот Коста: Утре на Игор му носам специјален подарок

Момчето Коста Кечмановиќ (14) изврши крвав злостор во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар кога уби осум ученици и еден обезбедувач.

Коста еден месец го планирал злосторството што имал намера да го направи во основното училиште, а имал и список со деца кои сакал да ги ликвидира.

Пред крвавиот чин, Коста испратил повеќе од 2.000 пораки, од кои некои на индиректен начин го спомнува насилството.

Телефонот на масовниот убиец моментално се прегледува, а полициските инспектори истражуваат со кого контактирал и со кого пишувал пред грозоморното злосторство.

Како што напишавме претходно, одмаздата се споменува во кореспонденција со друг.

Неговите пораки со кои го најавува масакрот протекоа на социјалните мрежи.

@cvv.balkan Žalosno💔 #kostakecmanovic #srbija #fyp #fy #viral ♬ original sound – 🦎quattro🦎

„Зошто што се случи? Да не беше поради Игор, а тој да не знаеше дека толку ќе се изнервираш“, му напиша некој.

„Имам подарок за него, утре го носам на училиште, мислам дека ќе се израдува кога ќе го види“, напишал тој, на што неговиот пријател го прашал што е тоа, а тој испратил фотографија од пиштол.

Покрај анализата на пораките и повиците, како и контактите, благодарение на телефонот на Коста е овозможен и пристап до податоците кои тој ги барал на интернет пред злосторството.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде