Нови детали од трагедијата во Нови Сад: Убиецот имал забрана за доближување до девојката

Девојката И.Р. (27) починала кога нејзиното поранешно момче В.Р. (34) и пукал во глава, а потоа се самоубил во Нови Сад.

Како што неофицијално пренесуваат српските медиуми В.Р. имал забрана за доближување до девојката и му е одземено оружјето со дозвола!

Како што пренесуваат медиумите од соседството, убиството и самоубиството се случиле на улицата Јована Суботиќ во новосадски локал каде работела несреќната девојка.

В.Р. влегол во локалот околу 16 часот и 50 минути и пукал во девојка со која претходно бил во врска, а потоа си пукал во главата.

Двајцата починале на местото на пукањето за време на реанимацијата која ја извршиле лекарите од Итната помош – изјави извор на Информер запознаен со случајот.

Тој додаде дека В.Р. инаку ловџија, легално поседувал оружје, кое му било одземено затоа што наводно имал забрана да и се доближува девојката.

Тој работел во блиска продавница за оружје, излегол и влегол во локалот каде во моментот работела И.Р.

Девојката која работела во локалот со убиената девојка веднаш по првиот истрел истрчала од локалот и повикала полиција и итната помош – објасни соговорникот на Информер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде