Нови детали од Косово: Ранети 11 годишно дете и 21 годишно момче

Две српски момчиња, братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) се ранети денеска во Готовуша кај Штрпце кога без причина локален Албанец пукал во нив од возило во движење, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија.

Како што се наведува, „во моментот на нападот децата се движеле покрај патот и носеле бадникови гранчиња кога напаѓачот отворил оган врз нив“. 

Се здобиле со прострелни рани, едното момче било застрелано во раката, а другото во рамото, а само од чиста среќа не биле повредени или животно загрозени – наведуваат од Канцеларијата.

Во него се вели и дека тие „во моментов се транспортираат во Клиничкиот болнички центар во Грачаница каде ќе ја добијат најдобрата можна нега“.

Станува збор за очигледен обид за убиство на невини српски деца кои им пречеле само затоа што носеле бадниково гранки и со тоа јасно покажале дека се Срби.

Иако неколку очевидци ја виделе регистрацијата на возилото од кое се пукало, локалната полиција го пуштила возилото – се наведува во соопштението.

Се додава дека „овој напад е директна последица на антисрпската политика на Албин Курти, кој со своето однесување и постапки ги охрабрува сите оние кои сакаат српска крв, дури и на Божиќ“.

Бараме итна и одлучна реакција од меѓународната заедница, а Канцеларијата за Косово и Метохија на семејствата и на повредените ќе им ја пружи сета потребна помош – се вели во соопштението.

Косовската полиција соопшти дека привела осомничен за ранување на момче од Србија и млад човек кај Штрпце.

Како што се наведува во соопштението, „по интензивна истражна работа, подрачната полиција Урошевац собрала информации на терен, го идентификувала и потоа го уапсила осомничениот А.К на возраст од 33 години“.

Осомничениот е под надзор на Урошевачката полиција, односно Подрачното одделение за истраги за други истражни дејствија“, се наведува во соопштението.

Косовските медиуми јавија дека осомничениот бегал со автомобилот 20 километри, но е уапсен во местото Превалц.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде