Нови детали: Еве што е пронајдено во домот на таткото на убиецот од Младеновац

Таткото на осомничениот за масовно убиство во Мало Орашје и Дубона, Радиша Б., денеска е уапсен, а во неговата куќа е пронајдено арсенал оружје.

Тој се сомничи дека сторил кривично дело неовластено изработување, држење, и тргување со оружје и распрскувачки материи.

Како што дознава Телеграф.рс, полицијата пронашла воздушна пушка, муниција, „магнум“, како и рачно изработени бомби.

На информативен разговор се приведени и мајката, снаата и братот на Урош Б, по што се пуштени на слобода.

Притвор до 48 часа доби Радиша Б., кој ќе биде изведен пред Вишото јавно обвинителство Смедерево.

Да потсетиме, Урош Б. од околината на Младеновац е обвинет дека во четвртокот на 4 мај уби 8 лица и рани 14.

Осум часа подоцна бил уапсен, а на рочиштето во обвинителството го признал делото.

По неколкудневна потрага, полицијата го пронашла „мерцедесот што го возел“, кој е на неговиот татко.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде