





ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА




Нова бркотница на македонската полиција со затвореник од „Шутка“ – ова се деталите!




На подрачјето на општина Гази Баба денеска попладне полицијата уапсила 24 годишен скопјанец кој денеска избегал од затвор.




Како што информираа од МВР, за него била распишана локална потерница по објава од Полициска станица Чаир,




каде напладне било пријавено дека избегал од Казнено-поправната установа Затвор Скопје во Шутка.




Лицето е приведено во Полициска станица Гази Баба, а потоа спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.



