





Пациентот со тешка форма на хемофилија 33-годишниот Марко Јосифовски, пред една седмица бил на скопската Клиника за трансфузиологија за да земе документ како доказ дека нема лек за неговата болест,




но наместо тоа, како што тврди за телевизијата Клан, бил вербално и физички нападнат од директорот на клиниката Венко Стомнароски.




Според Јосифовски, директорот почнал да го влече и турка тврдејќи дека не смее да влегува во клиниката, со образложение дека лекот кој му е неопходен за операција, доколку му ја дадат во потребната доза ќе немало за другите пациенти.




„Почна да ме тегне, да ме влече да ме вади и да ми вика дека не смеам да влезам внатре, а јас тврдев дека смеам да влезам ако е транспарентна институција. Ме влечеше, ме буткаше.




Тие тврдат дека немаат доволна количина и ако ја дадат таа количина нема да имаат за другите.“, рече Јосифовски.




Случајот е пријавен во скопската полиција, а др Стомнароски за телевизијата рекол дека денеска ќе биде подготвен за изјава.



