Направиле абортус на една пациентка, го препишале на друга која воопшто не ни била бремена – ова е новиот скандал, што го обелодени Република, а кој се случил во Охридската болница.
Да е трагедијата уште поголема зборува фактот што медицинското лице кое го направило делото се уште работи во болницата, иако тоа не би смеело да врши лекарска дејност по пријавата од МВР според која тоа на црно направило абортус врз пациентка.
Според МВР, кривичната пријава за лицето од Охрид е за фалсификување на деловни книги.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.Ф.(60) од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“.
Лицето, на 15.12.2022, во својство на доктор на едно одделение во општата болница во Охрид, извршило лекарска интервенција врз едно лице,
по што интервенцијата ја завела со лични податоци од друго лице, а потоа со фалсификување на потписот од раководителот на одделението ја заверила интервенцијата“, стои во билтенот на СВР Охрид.
Извор: Република.мк