Неверојатно шоу во „Се или нешто“: Натпреваpувач извлече не еден, тyкy два милиони

Лила Стојановска или Лила Филиповска е бренд. Лила веќе 11 години го води квизот „Се или нешто“ за кој во една прилика изјави:

– Во овие сезони имало навистина интересни натпреварувачи и интересни случки за паметење, но јас би издвоила цела една емисија, не само случка.

Мојот проект на животот” “СЕ ИЛИ НЕШТО” уште една нова сезона на Сител Тв.. Вложивме многу љубов, труд и работа за да ве забавувавме и

драго ми е што успеавме во тоа затоа што рејтинзите сите овие години го докажуваат тоа. Бидете со нас и сега нема да ве разочараме“, најави Лила неодамна.

– Овој квиз ми дојде како една убава промена, затоа што е едно вистинско реално шоу, учествуваат луѓе кои не биле пред камера. Па, им годи популарноста која им ја донел квизот.

Во едно од последните изданија на „Се или нешто“ имаше премногу возбодлив завршеток во популатното телевизиско квиз-шоу.

Публиката, натправарувачите и гледачите ќе ја паметат по возбудливата игра на натпреварувачот Витомир кој ни повеќе, ни помлаку го извлече милионот, а подоцна го дуплираше во два милиони денари.

Чичко Витомир е еден од учесниците која докажа дека чудата навистина се случуваат, како во неговиот случај.

Сепак, тоа што храброста не беше негова силна страна, чичко Вито ја прифати понудата на банкарот и ја продаде предвреме својата кутија.

Возбудливиот дел следеше откако ја продолжи играта, а на самиот крај ја отвори својата кутија во која се криеше милионот.

За шокот да биде уште поголем, чичко Вито прифати да игра и со кутијата број 23 во која се криеше уште еден милион, односно дуплирање на сумата.

Од тука упатуваме порака до сите учесници – „Ако мислите дека сте среќни, одете до крај“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде