Необичен случај: Битолчанец го ограбил судот во Битола!

Синоќа во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица го привеле 27-годишниот С.Б. од Битола.

Според информациите од МВР, тој се сомничи дека околу 18.10 часот, со употреба на физичка сила, влегол во подрумскиот дел во зградата на Апелационен суд Битола на бул.„1 Мај“ и одзел повеќе предмети.

„Одземеното било пронајдeно и вратено на сопственикот.

Исто така, при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и во консултација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

Слична содржина

Полицајци останале шокирани кога влегле во домот на Тетовец – имал илегална кабелска, а еве што му пронашле дома

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.Т.(57) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на авторски права и сродни права”.

„Пријавениот, во текот на 2022 година преку компјутерски средства неовластено објавувал, прикажувал, дистрибуирал и емитувал, односно нудел услуги на корисници поврзани со пристап до програмски сервис,

спротивно на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги без да биде лиценциран оператор согласно член 56 од ЗАВМУ и без да е содржан во регистарот на даватели на такви услуги согласно член 57 од истиот закон.

На 05.03.2022, при претрес во објект, кој го користи како работилница, биле пронајдени две компјутерски куќишта со инсталирани апликации кои се користат за средување на листи од канали,

осум андроид 6оксови за реемитување на ТВ канали, тетратки со податоци на клиенти кои купувале канали и други предмети, меѓу кои пиштол марка TT и една рамка со осум кypшyми, 116 кypшyми калибар 7,62 мм, 15 ловни кypшyми калибаp 12мм,

ловечка пушка „Damas Turc” калибаp 12мм и 30 кypшyми за ловечка пушка калибар 12мм“, велат од полицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде