Нема да ви се верува: Погледнете колку изнесува просечната плата во Македонија

Просечната исплатена нето-плата по вработен, во август годинава е за 11,3 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите:

Преработувачка индустрија (16,2 отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16,1 процент) и Уметност, забава и рекреација (15,6 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите:

Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4,1 отсто), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и

дејности за санација на околината (3,8 проценти) и Рударство и вадење на камен (3,1 отсто) – се наведува во соопштението на ДЗС.

Од податоците кои ги објавува државниот статистички центар може да се забележи дека на месечно ниво имаме благ пораст,

бидејќи во месец јули просечната плата изнесувал 31.812 денари, додека пак во јуни 2022 година, просечната нето плата била 31.869 денари.

Просечната исплатена нето-плата по вработен, во август годинава изнесува 31 871 денар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде