Нема да ви се верува: Погледнете колку достигна цената на пелетите

Недостигот од суровина за производство на пелети заради огромната побарувачка и затворањето на пазарите од каде вообиченео се набавувала суровината е причината за растот на цените на пелетите за греење. 

Според производителте и увозниците на огревни пелети годинава увозната цена на пелетиите и суровината е зголемена за 80% што главно влијае на зголемената цена и затоа нема намалување на цената иако беше воведено ограничување на маржата.

Во моментов сите земји од опкружување од каде сме увезувале имаат воведено забрана за извоз а единствените извозници

Турција имаат зголемена побарувачка од сите европски земји што ја крева цената, велат од здружението на производители и дистрибутери на продукти од биомаса.

Според производителите на пелети потребаната суровина за производство на пелети од домашна суровина се обезбедува едвај со 20%, за разлика од сите земји од регионот кој имаат пелети од дрвото од нивните шуми.

За злоупотреба на опожареното дрво кое се давало за ниска цена како ефтина суровина за пелети кои сега скапо се продаваат на фирма блиска до власта вчера обвинија од ВМРО ДПМНЕ на што стигна и демант од национални шуми во кој се вели

Сите правни лица што пројавиле интерес добиле количина од опожарената дрвна маса. Цената на опожарената дрвна маса за сите фирми е иста, нема разлика во цените.

Најголемите производители на пелети во државата добиле количина на дрвна маса за работа, ама и сите локални фирми кои тоа го побарале.

Вообичаено годишните потреби за пелети на земјава се движат околу 120 илјади тони но годинава заради високата цена на пелетите кои од 180 денари прво поскапеа на 350 денар,

а сега се на околу 500 денари за вреќичка, голем дел од домаќинствата ќе се греан на струја или дрва.

Извор: Канал 5 телевизија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде