НЕ Е ТОА НАШЕТО КОЛЕДЕ: Ги нема коледарчињата. И да ги има, ги бираат вратите каде ќе тропнат…македонскиот писател објави емотивен статус кој предизвика реакции..

Писателот Борче Трајковски, алијас Боки Бургија, во статус на својот профил на социјалните мрежи, потсети на едно дамнешно време и предизвика емоции, особено кај повозрасната популација:

„Доаѓа Коледе…?!? Не беше битно дали надвор има снег до колена, дали е минус 10 или повеќе, подмрзнато, дали на стреите висат мразулци од пола метро, сите,

од најмалото до највозрасното, завиткани во шалчиња, волнени плетени капчиња, ракавици од чиста рунска волна, чизмички над

дебелите чорапчиња, чојани палтенца над рачно плетените џемперчиња, со зацрвенети обравчиња и носиња, од рано утрината, па речиси до пладне, со торбичките в раце пееја пред портите на секое домаќинство.

Тие не знаеја да ги разликуваат портите според националната и верска припадност на домаќините. Пееја пред секоја врата, и сите, без исклучок, им отвараа и им делеа коледарски подароци.

И Муслимани и Православни и Католици и Евреи и Нововерци. Сите семејства беа подготвени за ова детско утринско пеење…

И помеѓу дечињата имаше различни по вероисповест, ама, никој не го поставуваше прашањето: Зошто и овие дечиња, Турци, Албанци, Роми, наизуст ја пеат Коледе леде и одат од врата на врата?

Затоа што сите бевме исти, и по вера и по националност, заради искрената почит во различноста. Сите славевме Бајрам, сите Велигден, сите Католички Божиќ, околу бадниковиот оган сите се собиравме, сите си ја честитавме Стара Нова.

На сите најважно ни беше да бидеме луѓе, и така ги воспитувавме децата, и затоа беа деца, верниците верници, свештениците достојни божји пратеници, а за политичарите никој немаше поим. Ниту ги интересираше кои се, како се викаат, дали крадат или не крадат, дали вработиле близок или далечен…

Ги нема. Ниту огнот има кој да го запали у маало, а беше традиција за која сметавме дека никогаш нема да исчезне.

Денес, и огнот свети со политика. Сите знаеме како се викаат политичарите, им ги знаеме намерите на каобожемските свештеници, (без пари не доаѓаат да го испеат огнот), децата ги изолираме по верска и национална припадност, оцрнувајќи се едни со други. Ом разата заради личниот интерес од година во година не’ разделува, не’ оддалечува…

Денес, и огнот свети со политика. Сите знаеме како се викаат политичарите, им ги знаеме намерите на каобожемските свештеници, (без пари не доаѓаат да го испеат огнот), децата ги изолираме по верска и национална припадност, оцрнувајќи се едни со други. Ом разата заради личниот интерес од година во година не’ разделува, не’ оддалечува…

Една вонсериска и со огромна радост очекувана детска манифестација, вековна традиција, која, не’ потсетуваше на човечките доблести, да се споделува, да се помага, да се биде хуман, манифестација која сите ги зближуваше, ете, полека исчезнува.

А Коледе беше празник за сите, затоа што преку детското пеење пред нашите порти не потсетуваа на вредностите кои треба да ги негуваме, на човечноста…

Како и да биде, јас и Тањушка ги спремивме бомбончињата и чоколатцата, урмите, костените и смоквите за коледарчињата, па иако знаеме дека и тие највеќе се радуваат на парите кои ќе им ги дадеме, убаво е да ги слушнеме во петок наутро како ќе ни запеат пред порти.

Доаѓа Коледе… Тенкју…“ – напиша Борче Трајковски, а лијас Боки Бургија во својот статус на социјалните мрежи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде