Насилство низ Скопје: И влегол дома вонбрачниот партнер и ја натепал

Два нови случаја на семејно насилство, во кои партнери ги нападнале своите сопруги и партнерки, се забележани во Скопје во изминатите 24 часа, соопшти полицијата.

„На 23.04.2023 во 13.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари го лишиле од слобода Е.К.(36) од Скопје, затоа што на 22.04.2023 во домот физички ја нападнал неговата 24 – годишна сопруга.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, соопшти МВР во врска со првиот случај.

Во другиот, вонбрачниот партнер ја нападнал една година постарата жена.

„На 23.04.2023 во 22.15 часот во СВР Скопје, 35 – годишна скопјанка пријавила дека во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер О.М.(34)“, велат од полицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде