„Наместо дома да празнуваме јас се молам за здравјето на мојот син“ – Потресни зборови на таткото на детето кое беше рането во Косово

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ објави вознемирувачка снимка од ранетото момче од Србија Стефан Стојановиќ (11), кое денеска беше рането во близина на Штрпце.

– Ова е Стефан. Тој има 11 години. Тој беше застрелан денеска, на Бадник, само затоа што е Србин. Покрај него, бил застрелан уште еден млад Србин, Милош, кој има 21 година.

Секој треба да одвои две минути за да го погледне ова видео. Оваа слика е вистинското лице на ситуацијата во Косово – напиша Брнабиќ на својот Твитер профил.

Да потсетиме, братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) беа ранети денеска околу 15 часот во Готовуша кај Штрпце на Косово кога без причина локален Албанец пукал во нив од возило во движење.

Во моментот на нападот децата оделе покрај патот кога напаѓачот отворил оган врз нив. Едното момче било застрелано во раката, другото во рамото, но нивните животи не се во опасност.

Звонимир Стојановиќ, таткото на повредениот Милош, изјави дека не знае како се случил инцидентот и додаде дека наместо за Божиќ, сега стравува за животот на својот син.

„Жал ми е што дојде до ова. Тешко е, наместо да бидеме дома на овој ден, ние сме тука во болницата каде што сме загрижени за нивното здравје и живот.

Не знам кого да обвинам. но вака не оди, навистина е тешко“, изјави Звонимир.

Звонимир додава дека не бил информиран за деталите од инцидентот, дека му се јавиле само од клиниката во Штрпац, а нема информации за апсење на сторителот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде