Страшна трагедија, втора за само два дена, ја потресе Србија.
Урош Б.(21) уби 8 и рани 13 лица во Младеновац и селата Мало Орашје и Дубона. Со автоматско оружје застрелал неколку лица, а потоа и побегнал на полицијата.
Според екипите на РТС од терен, САЈ влегле во Дубој, а на терен се дваесет возила и амбулантни возила.
Полицијата го запира секој автомобил во потрага по избеган убиец, ја проверува секоја куќа и напуштена и сомнителна зграда.
Сите приоди кон Дубона се затворени.
Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ пристигна во Младеновац и синоќешниот масакр го окарактеризира како терористички чин.