Најнова вест: Тешка сообраќајна несреќа, три лица пренесени во болница

Најнова вест: Тешка сообраќајна несреќа, три лица пренесени во болница

Три лица се повредени кога автомобил излетал од регионалниот пат Штип – Кадрифаково. Потешко е повредена 61-годишна сопатничка.

Според информациите, возилото што излетало од патот е „нисан“, со штипски регистарски ознаки, а го управувал И. А. (67) од Штип.

Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката В. А. (61) од Штип, а телесни повреди добиле уште двајца сопатници – М. Б. (47) и Н. Б. (39), двајцата од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од екипа на СВР Штип.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде