Сообраќајна несреќа попладнево се случила на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица, информира delcevo365.mk.
Kaко што стои во објавата камион и комбе најверојано поради влажниот коловоз се извртеле на патот. Според првичните информации повредени нема.
Во продолжение во целост објавата на Делчево 365.
„Фотографии од наш читател кој информираше за сообраќајна несреќа на регионалниот пат Делчево – М.Каменица кај местото Манасово Маало. Според информации на читателот нема повредени лица.
Тој со неговото возило продолжил со движењето кон насоката кон која се движел, а информира дека камион и комбе кое најверојатно се извртеле поради влажниот коловоз се уште стојат на патот“, стои во објавата на порталот.