Најнова вест: Едно лице загина, две се повредени во тешка сообраќајна несреќа кај превојот “Ѓавато”

Најнова вест: Едно лице загина, две се повредени во тешка сообраќајна несреќа кај превојот “Ѓавато”

Сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот се случи денеска околу 13:53 часот на патот Битола – Ресен кај превојот “Ѓавато” во атар на с.Ѓавато.

Како што информира МВР, во несреќата учествувале автомобил „Сеат“ со ресенски регистарски ознаки управувано од И. А.(57) од Ресен и

сопатник во истото возило А.А.(56) од Ресен и „Мерцедес” со ресенски регистарски ознаки управуван од С. Ј.(52) од Ресен.

-Во незгодата на лице место починала И.А. при што смртта ја констатирал доктор од итна медицинска помош, а сопатникот на Сеатот и возачот на Мерцедесот се здобиле со лесни телесни повреди, велат од МВР.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде