





Маж со секира нападна жена и дете, едногодишното девојче почина – СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ ХРВАТСКА




Страшни сцени се случиле доцна синоќа во куќа на II. Канален пат на загрепскиот пат Козари, кој резултираше со смрт на едногодишно девојче, а не долго потоа и сторителот на тој хорор.




Како што неофицијално дознава Јутарњи, синоќа околу 20:30 часот Г.К. (41) дошол во куќата во која живее неговата поранешна 41-годишна партнерка со дете.




Помеѓу поранешните сопружници настанала жестока расправија при што, според Јутарњи лист, со секира ја нападнал несреќната жена.




Притоа, тој не се двоумел да му нанесе страшни повреди на детето, така што набрзо по неговото бегство, мајката и детето биле пренесени во загрепските болници.




Сепак, како што пренесуваат хрватските медиуми, детето за жал не можело да се спаси и покрај интензивните напори на лекарскиот тим.




А сторителот, се оддалечил во непознат правец низ населбата и завршил на обиколницата каде под се уште неразјаснети околности на него налетало непознато возило додека се движел по коловозот и го усмртило на лице место.




Во тек е полициска истрага за утврдување на сите околности на овој свиреп чин, а несреќната 41-годишна жена ќе даде повеќе информации во реконструкцијата на хоророт откако ќе и дозволи здравствената состојба.




Од Загребското јавно обвинителство велат дека за случајот ќе излезат со соопштение.



