На социјалните мрежи се споделува апел за помош за пронаоѓање на две малолетни девојчиња.
Како што пишува во објавата тие последен пат се забележани кај Веро Џамбо и истите се упатиле кон центар.
„На 08.05.во 15 и 50 х во веро јамбо во Скопје изгубени се две девојцинја Антонија Јанкова 12 и Радмила Иванова 14 години истите се упатиле кон центар.
Министерство за внатрешни работи / Министриа е Пунëве тë Брендсхме, Град Скопје , стои во објавата која ја сподели Александра Јанкова на Фејсбук.
За сега нема информација од полицијата, а како што пишува во коментарите случајот е пријавен.
