Лошите вести брзо се шират: Петмина државјани на Македонија пренесени во болница по сообраќајна несреќа во Грција

Петмина државјани на Македонија се полесно повредени и хоспитализирани во грчка болница по сообраќајна несреќа.

Тие не се во животна опасност по сообраќајната несреќа што кусо по полноќ се случила во северна Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, несреќата се случила на автопатот Егнатиа во близина на Амфиполи, откако, од засега непознати причини, автомобилот со кој се превезувале, се превртел и излетал од патот.

За извлекување на возачот била потребна интервенција од пожарникари.

Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека со помош на спасувачко средство и тројца пожарникари и едно возило бил извлечен возачот на автомобилот и предаден на брзата помош.

Повредените, според АНА-МПА, се пренесени во болниците во Солун и Серес.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде