





Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност, кои преку ден краткотрајно ќе се намалат.




Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Во Скопје ќе има магла или ниска облачност, која преку ден се очекува делумно да се намали.




Од Управата за хидрометеорлошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 14 степени. Во Скопје температурата ќе се движи од 0 до 4 степени целзиусови.




– До недела ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет.




Во петок ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за магла да се намалат.




Во понеделник претпладне сеуште ќе има појава на магла, а во попладневните часови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат од УХМР.




Во продолжение и најновата временска прогноза на Славчо Поповски објавена на Метео аларм.




Божиќ како што претходно кажавме и најавивме ќе го поминеме во знакот на стабилно и суво време со НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ температури на воздухот. Постудено и со магла, ниска облачност и загаденост ќе биде низ котлините.




Промена на временската состојба кај нас која конечно ќе донесе врнежи од дожд, снег на планините и ветер ќе имаме од понеделник попладне и навечер (9 јануари).




Поради ЗАЛАДУВАЊЕТО, во вторник навечер и во текот на ноќта кон среда следната седмица услови за провејување на снег ќе има и на некои места со помала надморска височина.




Сето ова ќе придонесе за расчистување на маглата по котлините, но и за намалување на загаденоста, што значи дека конечно граѓаните на Македонија ќе дишат почист воздух.