Полицијата го уапси напаѓачот кој во синоќешната рација во српскиот град Младеновац уби осум лица, а рани 14 други.
За само неколку дена нова трагедија, какви што Србија не памети. Осум лица загинаа, а 14 се ранети во пукотница вчеравечер кај Младеновац, на околу четириесет километри од Белград.
Виновникот за масакрот е Урош Б.(21), по кого полицијата трагала цела ноќ, а на крајот, како што пренесува РТС.рс, го уапсила во Крагуевац.
Меѓу убиените се и полицаецот Милан Паниќ и неговата сестра.
-Тие седеа таму и разговараа, тој им пријде и ги застрела од ведро небо. Ми ги уби внукот и внуката – изјавиле за Блиц дедото и сестрата на полицаецот.
Според Телеграф, најмладата жртва е 15-годишно дете. Меѓу жртвите наводно бил и еден навивач на Црвена звезда. Напаѓачот наводно пукал и во децата.
Телеграф јавува дека наводно се започнало во училишниот двор во селото кај Младеновац.
Најпрвин настанала расправија, по што пријавениот отишол дома да земе пушка и почнал да пука.