Кандидатката за ректор на УКИМ проф. д-р Билјана Ангелова, во својот тим на проректори планирала да вклучи актуелен декан на една од единиците на УКИМ

Група професори упатуваат загриженост за моменталните случувања околу изборот на нов ректор на УКИМ.

Според нивните кажувања, кандидатката за ректор на УКИМ проф. д-р Билјана Ангелова, во својот тим на проректори планирала да вклучи актуелен декан на една од единиците на УКИМ. Оваа вест на прв поглед воопшто не е чудна доколку не се знае дека за овој декан постои основан сомнеж дека ги прекршил овластувањата и ја злоупотребил службената положба.

Тој целосно игнорирајќи и  заобиколувајќи го Наставно-научниот совет донел одлука да инвестира во објект во општина Гази Баба во кој има само една половина идеален дел, а кој во тоа време бил предмет на судски спор и без направена физичка делба. Денес постои правосилна судска пресуда од Апелационен суд со што инвестицијата на деканот станува беспредметна. На овој начин тој финансиски ги оштетил факултетот, УКИМ и државата.

Сето ова тој се обидува да го прикрие под превезот на исполнувањето на европските стандарди за студирање, а всушност е отворена една голема финансиска дупка на штета на јавното добро. Останува да видиме дали институциите на државата ќе доведат до правна разврска на случајот или и оваа афера ќе бида сокриена како една од многуте. Вакви кандидати за проректори во тимот на проф. д-р Билјана Ангелова само нанесуваат штета на нејзиниот обид да биде избрана за ректор на УКИМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде