Со највисоки државни почести потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова му ги предаде бугарските лични документи на Кристијан Пендиков.
На свеченоста во Гербовата сала потпретседателката Илијана Јотова го потпиша указот за стекнување бугарско државјанство врз основа на неговото бугарско потекло.
– Голема чест ми е што ти ги дадов бугарските документи. Од денес ти си заштитен од бугарската држава и ти ќе ги имаш правата секој Бугарин и од денес си граѓанин на ЕУ.
Во основата на уставот е вербата во човечките вредности, во слободата и рамноправноста. Врховниот закон вели сите да ги почитуваме правата на индивидуата. истакна потпретседателката на Република Бугарија.
Колкаво значење власта во Софија му даде на овој настан покажува и фактот дека на церемонијата беа присутни министрите за надворешни работи и за правосудство, а бугарските медиуми настанот го пренесуваа во живо.