Извршителите добија јасна порака за граѓаните во време на кризата – ќе ја почитуваат ли?

Граѓанските активисти инсистираат додека трае кризата да се стопира извршувањето, кое е дополнително ја отежнува тешката економска ситуација.

Во меѓувреме, тие ја поттикнуваат власта да донесе неколку законски решенија, а прво и основно е да се бришат каматите на долговите во јавните претпријатија. Според нив, сепак најбитно е да се донесе закон за замрзнување на каматите, но и на трошоците во случај кога каматата ќе ја достигне висината на главниот долг.

Тие ја поздравуваат иницијативата на Народниот правобранител Насер Зибери за измени на Законот за облигациони односи и Законот за извршување, кои се однесуваат на прашањето на казнената камата.

Активистите и синдикалците се борат со драконските трошоци и каматите од 2010-та, кога со Законот за извршување беа трансферирани 400 илјади предмети, кои се чувале во судовите и беа предадени на извршителите.

-Ја поздравуваме секоја иницијатива без разлика од каде доаѓа, а се со цел да им се олесни на граѓаните. Долговите, каматите и трошоците за извршување сотреа цели семејства. Но инсистираме, освен каматите да се замрзнат и трошоците, кога висината на главниот долг ќе ја достигне каматата.

Разочарување е што нема слух за нашето барање да се донесе закон кој ќе важи и за старите побарувања. Се чудиме што нема и нов закон за бришење на каматите на долговите кон јавните претпријатија уште од 2018 година – вели за „Слободен печат“, Марија Ристески од Конфедерацијата на синдикалните организации.

Ристески го врти вниманието и кон брзите кредити и бара од инспекциите да ги зајакнат контролите и кон овие институции.

-Мора да има построги контроли кон давањето на брзи кредити, оти граѓаните во кризава, се прилично заглавени во нив- додава Ристески.

Инаку, Омбудсманот предлага казнената камата да не може да биде поголема од основниот долг, односно суштината е кога каматата ќе го достигне главниот долг, таа да престане да тече.

Предлогот на Народниот правобранител се однесува на член 268а од Законот за облигациони односи, каде е потребно да се додаде нов член 268б кој вели казнената камата престанува да тече кога сумата на втасаната и неисплатена камата ќе ја достигнат главницата.

Следствено на оваа, треба да се направат измени и во Законот за извршување, каде што треба да се измени членот 18, односно да се додаде член 18а кој би гласел – кога сумата на втасаната, а неисплатена камата ќе ја достигне главницата, извршителот во постапката на извршување престанува да пресметува и наплатува законска казнена камата – објасни Насер Зибери.

Целата статија на Слободен печат – тука.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде