Грчкиот кошаркар Александрос Варитимиадис почина на 28 годишна возраст по тешка битка со рак.
Тој во својата кариера настапуваше за Паок, Филипос, Ариес, Умеу, БСВ Сиксерс и австрискиот Дорнбир Лајонс.
Веста ја потврди кошаркарската федерација на Грција со соопштение на официјалниот сајт.
„Александрос храбро се бореше против болест која на крај се покажа како непобедлива.
Членовите на управниот одбор на кошаркарската федерација на Грција и претседателот Евангелос Лиолиос изразуваат искрено сочуство со семејството и блиските на починатиот.
Зборовите не можат да ја опишат болката. Почивај во мир“, стои во соопштението на „куќата на кошарката“ на јужниот сосед.
