





26-годишен велешанец во полициска станица со остар предмет нападнал девојка која пријавила тепачkа во која освен напаѓачот, биле уапсени уште петмина, на возраст од 24 до 62 години, соопшти МВР.




„На 18.10.2022 во 00.20 часот во Полициската станица Велес бил приведен и задржан К.Ѓ.(26) од Велес, затоа што во полициската станица се обидел со остар предмет да ја нападне С.А.(23) од Велес.




Имено, С.А. дошла во станицата да пријави нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка на 17.10.2022 околу 23.15 часот на ул.„Академик Пенчо Давчев” во Велес,




за што од слобода биле лишени А.Ш.(34), Д.М.(33), С.М.(62), А.Ѓ.(27) и А.К(24), сите од Велес, а во која учествувал и К.Ѓ.“, велат од полицијата.




По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.




Слична содржина
Го изнервирале: Маж истепал три леца, викнале полиција па нападнал и еден од нив




СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.М.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.




На 20.08.2022 околу 01.00 часот на бензинска пумпа во Кочани, пријавениот физички нападнал три лица, а по пристигнување на полициските службеници физички нападнал и еден од нив.



