Xаос низ Скопје, автобусите на ЈСП утрово не тргнаа

Скопјани денеска нема да можат да ги користат услугите на јавниот градски превоз откако синдикатите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) вчера најавија дека од 4:30 часот наутро автобусите нема да возат. 

Проблемот со неисплатените плати на вработените во ЈСП вчера беше тема и на вонредната седница на Советот на Град Скопје каде доцна попладнето беше

изгласа иницијатива со која се побара од градоначалничката на Град Скопје до петок до 12 часот да достави одлука за прераспределба на средства за да се исплатат платите.

Работниците се собрани во кругот на базите и протестираат, барајќи исплата на септемвриската плата. Во меѓувреме, приватните превозници продолжуваат да возат по нивниот распоред.

Од синдикатите вчера изјавија дека градоначалничката Данела Арсовска ќе мора ваквата одлука да ја донесе уште денес, затоа што, според нив, петок е многу доцна.

Следната седница на Советот е закажана за петок во 14 часот, но постојат можности и денеска да биде свикана вонредна седница на градскиот Совет доколку биде доставена одлуката.

Синдикатите вчера ја напуштија седницата на Советот револтирани дека нема договор за нивните барања.

„Репрезентативните синдикати на ЈСП беа присутни на вонредната седница на Советот на Град Скопје и очекувавме брз и експресен одговор по иницијативите што

ги дават политичките партии дека одредени средства ќе се префрлат на сметката на ЈСП и ќе се исполнат обврските кон вработените. Бевме наивни мислејќи дека тоа ќе се случи.

Сагата продолжи до нешто пред 17 часот кога баравме збор од спикерот и не го добивме по што седницата на Советот се прекина за да може да одговориме што ќе преземат синдикатите во текот на утрешниот ден“, изјави вчера претседателот на синдикалната организација на ЈСП Миќо Стојановски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде