





ГУСТАТА МАГЛА ПРАВИ ПРОБЛЕМИ: Утрово страшна сообраќајна несреќа на автопатот кон Атина




ВИДЕОТО ОД МЕСТОТО НА НАСТАНОТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА КРАЈОТ ОД ТЕКСТОТ.




Рано утрово на автопатот кон Атина дошло до сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе од десет автомобили.




Во областа видливоста е ограничена поради густата магла, што го отежнува гледањето на возачите, што резултирало со судир.




Засега нема информации за повредени. На видеото од местото на судирот се гледа дека учествувале и камиони, додека дел од автомобилите се сериозно оштетени.




Сообраќајот се одвива од споредниот пат отежнато.




Според грчката полиција, сообраќајната несреќа се случила неколку минути по 9 часот наутро.




Претходно, во 08:30 часот се случила уште една сообраќајна несреќа во правец на Ламија, при што се судриле шест возила.



