





Поранешниот премиер Никола Грувски синоќа се огласи во врска со откажувањето на летовите на скопскиот аеродром.




Покрај тоа, Груевски напиша и дека Заев посакува брзи предвремени избори со однапред направен договор за осум годишна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.




Дали мислите дека ако приватна фирма на Заев, Кочо Анушев и останатите во тоа време, па и сеуште вознесена во облаци влада ќе продадеа нешто за 45 милиони евра ако тоа чини 80 или 100 милиони евра? Ни во сон, нели?




Дали тоа ќе го направеа знаејќи дека е незаконско да не им беше под контрола обвинителството и судовите, најголем дел од медиумите и НВО, а да не знаеја дека амбасадите се спремни се “да проголтаат” само да се заврши се со договорите со Грција и Бугарија? Ни во сон, нели?




Дали тоа ќе го направеа ако опозицијата не беше под тежок политички прогон со недемократски средства и методи и со лажни и конструирани обвиненија, а народот занесен во гледање сеир и забава “кого апсат денес, а кого ќе апсат утре” па наместо тоа се соочеа со реален отпор? Нели, ни во сон?




И дали Заев ви личи на човек што да беа аеродромите негов приватен имот би се од кажал од 1 милион евра, а не пак од 40 или 50 милиони евра?




Потсетувајќи се на онаа видео снимка направена по наредба на обвинителство и судот каде истиот без ни малку срам бара едно евро од квадрат или вкупно 100.000 евра мито од локален бизнисмен кој макотрпно и со многу работа и откажувања го стекнал својот имот,




дали мислите дека таков човек би оставил со одлука на неговата влада да некоја приватна компанија заработи 40 или 50 милиони евра, при што неговата влада и особено потписниците од страна на владата на анексот на договорот со ТАВ,




свесно прави тешка злоупотреба со државен меѓународен тендер и пари без притоа тој да има нешто од тоа? Не ви се верува дека така би направил, нели?




И дали ние воопшто треба да мислиме нешто, или ако имаше нормална а не вистински заробена држава досега оваа банда немаше одамна да биде уапсена и ставена зад решетки наместо да глумат ослободители и чесни луѓе, па уште и другите да ги прават криминалци со политички прогон?
И после ова треба да ја жалиме Русковска, да ја цениме независноста на Јовевски или да веруваме дека не е длабоко уназадена независноста на правосдниот систем?
Македонија стана приватна прчија на банда предавници на националните интереси кои под меѓународна заштита само заради тие предавства, прават што сакаат, крадат, рекетораат, прогонуваат конкуренти во политиката, заплашуваат, глумат шерифи, безмилосно кршат закони. И затоа неодамна напишав дека земјата е во полоша атмосфера од времето од средината на деведесетите кога во полн ек беше кршењето на ембаргото и правењето милиони долари од тоа, шверцот со нафтата, цигарите, фри шоповите, тендероте и со што ли не.
И знаете што ќе биде реакцијата на овој текст на “независните” правосудни институции, медими, НВО, па дури и на некои божемни опозиционери? Иста како за она што го објавив за ОКТА, Фени, Казандол, Иловица, начинот на кој беа наумиле и сеуште се трудат да изберат градежна фирма за клиничкиот центар во Скопје и повеќе други: МОЛК! “Громогласен” МОЛК!!!
Дел од медиумите бегло ќе го пренесат ова и следниот ден ќе одат на друга тема од типот “силно и одлучно одиме напред”, или локална маргинална тема од типот “снаа нападнала свекор со секира” или одмазднички чекори од типот “обвинителството врши истрага или спрема нови обвинение за Груевски” или “се лизнала кола од пат во неготинско” итн, а ова ќе оди во заборав, апатијата ќе расте а младите и дел од оние на средна возраст ќе бараат шанса да се иселат.
Па нели нормално е знаејќи го ова и уште многу други работи Заев да посакува брзи предвремени избори со однапред направен договор за осум годишна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ потоа и претседателска функција за него, за да се спасува од тоа што го заслужува!
И би било нормално на секој, не само во ВМРО-ДПМНЕ, да му се гади од помислата за тоа.