Се огласи Милески: Оние кои добро ме познаваат, денес останаа зачудени од информацијата која ја пласира Бектеши – испраќам ДЕМАНТ

Oбраќање на Горан Милевски:

Оние кои ме познаваат, денес останаа зачудени од информацијата која се пласира на прес конференција на мојот пријател и министер Бектеши, а која се заснова на добиени погрешни податоци од ЕВН дека Министерството за локална самоуправа потрошило за 79% повеќе електрична енергија од истиот период лани.

Вистината е дека Министерството за локална самоуправа во септември потрошило за 43% помалку киловатчасови електрична енергија од истиот период изминатата година.

За воља на вистината ова не е само наша заштеда туку и на голем број други институции со кои делиме исто броило а се наоѓаат во зградата на Нова Македонија.

Демантот на Министерството ви го испраќам во целост:

ДЕМАНТ

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА НЕ ПОТРОШИЛО ПОВЕЌЕ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ТУКУ ЗАШТЕДИ 43 ОТСТО!

Информацијата што денес ја објавија повеќе медиуми повикувајќи се на официјални податоци од Владата дека Министерството за локална самоуправа потрошило за 79 отсто повеќе струја во септември оваа година во споредба со септември лани, содржи неточни и невистинити податоци.

Веста, за жал, се заснова на погрешни податоци содржани во официјалната Информација со споредбена анализа за потрошена електрична енергија од државните институции која беше усвоена на вчерашната седница на Владата.

Според таа информација, Министерството за локална самоуправа во септември оваа година потрошило 14.908 киловатчасови, што е неточен податок.

Според евиденцијата во книговодството на Министерството за локална самоуправа – доставените фактури од ЕВН за периодот од 01.09.2022 до 30.09.2022 г. министерството потрошило вкупно 4.701,45 киловатчасови електрична енергија, а во споредбениот период од 01.09. до 30.09.2021 вкупно 8.245 киловатчасови.

Тоа е значајно намалување или заштеда за 43 отсто електрична енергија, што го вбројува министерството во државните институции и министерства кои заштедиле најмногу.

Ве молиме да го објавите демантот на информацијата.

Со почит,

Министерство за локална самоуправа

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде