Голема трагедија утрово ја потресе Македонија: Скопјанец прегази двајца другари, едниот почина, другиот се бори за живот

Голема трагедија утрово ја потресе Македонија: Скопјанец прегази двајца другари, едниот почина, другиот се бори за живот

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА.

Момче прегази двајца другари, едниот на возраст од 21 година почина во штипската  Клиничка болница, а вториот се бори за живот.

Според СВР Штип, околу 5.20 часот  било пријавено дека на магистрален пат Штип – Кочани, на место викано „Брилијант”,

патничко возило „опел астра” со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т. од Скопје,

удрило во 21-годишниот А.Ѓ. од село Кадино, скопско и во А.П. од село Трубарево, скопско, кои претходно патувале во истото возило.

Двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што во 7.15 часот А.Ѓ. починал , а кај А.П. биле констатирани телесни повреди.

Увид извршила екипа од СВР Штип.

ФОТО: Илустрација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде