





Голема трагедија го потресе светот: Почина еден од најдобрите фудбалери на сите времиња




ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА.




Легендарниот бразилски фудбалер Пеле почина денеска на возраст од 82 години, по долга борба со болеста, јавуваат бројни светски медиуми.




Пеле беше еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, голема икона, а последните години се бореше со рак на дебелото црево.




Од 2021 година се лекуваше од рак на дебелото црево, а последниот месец го помина во болница.




Смртта ја потврди неговиот агент Џо Фрага.




Пеле освои рекордни три Светски првенства во фудбал и стана една од најистакнатите спортски фигури на минатиот век.




Jа предводеше бразилската репрезентација до три светски шампионски титули – во 1958, 1962 и 1970 година.



