





Го у6ила сопругот, го пресоблекла и ги заменила кpвавите теписи, а потоа повикала полиција: Ужасна трагедија ја потресе БиХ




ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА.




Пoлицијата во Добој ја уапси Х.М. од тој град поради сомнение дека го у6ила сопругот Х.М. во семејниот дом, пишува „Независне новине“.




Според неофицијални информации, Ханифа М.(59) со кујнски нож го про6одела својот сопруг Хасан (55) во надлактицата, а тој искрварил до смpт. На у6иството му претходела расправија.




Откако искpварил, таа ја исчистила куќата, го пресоблекла сопругот и поставила нови теписи. Потоа повикала полиција и им рекла дека се скарала со сопругот и дека тој сам си ги нанел повредите од кои починал.




Како што се дознава, полицијата пронашла кpвави теписи.




Според полициската управа Добој, таа била уапсена во понеделникот, поради сомнение дека сторила кривично дело у6иство.




„Постои сомнение дека наведеното лице истиот ден во семејниот дом му го одзело животот на сопругот Х.М.,




по што таа ја променила локацијата и потоа побарала интервенција на полициски службеници“, наведуваат од полицијата.



