Героски објави нови детали: Кој ќе биде заеднички кандидат за претседател на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ?

Втората рунда на битката меѓу Заев и Ковачевски би можела да се случи во т.н. некрстени денови, од Божиќ до Водици, пишува Плусинфо.

Периодот од раѓањето до крштевањето на Исус се смета за период опасен за луѓето, време кога се во движење разни „нечисти“ сили, се фрлаат магии и се бркаат демоните и болестите.

Дали поранешниот и сегашниот лидер на СДСМ токму во тие 12 дена ќе фрлаат магии, ќе глумат ангели и ќе бркаат демони?

Откако Плусинфо вчера ексклузивно откри што се случувало на состанокот во седиштето на СДСМ на 21 декември, на кој Зоран Заев и Венко Филипче дошле со намера да се пресметаат со Димитар Ковачевски, а си заминале со течење од ногавици, во последните 24 часа екипата на поранешниот премиер молчеливо се прегрупира за нова битка.

Во текот на вчерашниот ден се случи она што го очекувавме и што го најавивме. Освен спорадични напади врз авторот на овој текст на социјалните мрежи, Заевата пропагандна машинерија гласно го одмолча написот.

Немаше деманти од учесниците на состанокот на 21 декември. СДСМ официјално не се огласи во врска со изнесените наводи дека поранешниот партиски лидер со

сите сили се обидува да ги поткопа позициите на својот наследник Димитар Ковачевски и за таа мисија бара сојузници на сите страни, дури и во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо тоа, Плусинфо доби потврда од високо позициониран извор во албанскиот политички блок, кој вели дека во неговата партија за настапот на Заев на Бихаќка дознале пред десетина дена, што ќе рече веднаш по одржувањето на состанокот на раководствто на СДСМ.

Изворот смета дека планот на Заев е во целосна координација со некои структури во албанските политички партии.

Од два независни извора блиски до раководството на СДСМ добивме објаснување зошто во планот на Заев е предвидена елиминација на актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски и

кој би можел да биде кандидатот за оваа функција што заеднички би го поддржале ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Но, за тоа подоцна.

Целиот текст на Плусинфо можете да го прочитате ТУКА

Извор: Плусинфо

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде