(фото) Машала: Погледнете какво „БМВ“ од 150.000 евра си купи синот на Рамиз Мерко за Нова Година

Додека ние, обичните граѓани, пренесуваме пораки на честитки и раадост во чест на новогодишните и божичните празници,

членовите на семејството на „бермудскиот триаголник” – од Струга, на стружаните Среќна Нова 2023 година им ја честитаа со своите

автомобили, новите модели од 2023 година, кои може да чинат од 130.000,00 евра до 150.000,00 евра, велат од Алијанса за Албанците,

забележувајќи дека за да купи таков автомобил, на еден работник со просечна плата од 400 евра му се потребни 30-тина години.

Партијата Aлијанса за Албанците во соопштение за медиумите тврди дека синот на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко се подновил со нов автомобил – скапоцено „BMW 740d“, кое според партијата чини помеѓу 130.000 и 150.000 евра.

„Додека ние, обичните граѓани, пренесуваме пораки на честитки и раадост во чест на новогодишните и божичните празници,

членовите на семејството на „бермудскиот триаголник” – од Струга, на стружаните Среќна Нова 2023 година им ја честитаа со

своите автомобили, новите модели од 2023 година, кои може да чинат од 130.000,00 евра до 150.000,00 евра“, велат од Алијанса за

Албанците, забележувајќи дека за да купи таков автомобил, на еден работник со просечна плата од 400 евра му се потребни 30-тина години.

„За да се знае колку е деградирана една власт, доволно е да се погледне како живеат нивните наследници,

кои без ниеден ден работа во животот му кажуваат на обичниот граѓанин колку се богати и силни, – чиста МИЗЕРИЈА и ДЕГРАДАЦИЈА“, пишува во партиското соопштение.

Извор: Плусинфо.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде