Ергенска забава се претвори во трагедија: Едно лице загина, а друго е тешко повредено по пад од височина додека се фотографирале

Дел од српските медиуми јавија дека додека биле на тврдината, еден од мажите сакал да се фотографира, по што изгубил рамнотежа и паднал од неа,

со себе повлекувајќи го својот пријател. Сепак, засега нема официјална потврда за ваквите наводи, а истрагата е во тек

Двајца мажи на возраст од 30 години утринава околу 5 часот паднале од бедемот на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, јави РТС.

Едниот маж починал и покрај напорите на лекарите од Итната помош да биде реанимиран, а другиот во тешка состојба е пренесен на хируршкото одделение на Ургентниот центар во Војводина.

Од Ургентниот центар соопштија дека младиот човек бил примен со тешки повреди на повеќе органски системи.

„По прегледот, првичната дијагноза, итната хируршка нега и стабилизирање на општата состојба, пациентот е примен на болничко лекување на интензивна нега во Ургентниот центар УКЦВ, каде што ќе му се врши понатамошен мониторинг и интензивно хируршко лекување“, соопштија од Ургентниот центар на Војводина.

Според српските медиуми, во досегашната истрага е утврдено дека била организирана ергенска забава.

Дел од српските медиуми јавија дека додека биле на тврдината, еден од мажите сакал да се фотографира, по што изгубил рамнотежа и паднал од неа, со себе повлекувајќи го својот пријател.

Сепак, засега нема официјална потврда за ваквите наводи и не е познато како точно мажите паднале од бедемот на Петроварадинската тврдина на висина од околку 20 метри.

Истрагата е во тек.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде