Емотивно видео кое ќе ве натера на солзи: Дарко денеска ќе наполнеше 24 години

Комити Скопје со емотивно видео по повод роденденот на својот другар Дарко Смок кој прерано ги напушти.

„Две бои таму ти горат и капат, две шарки твои – црвена и црна.“

„Две бои таму ти горат и капат, две шарки твои – црвена и црна.“

Со стиховите на простата и строга македонска песна, изрецитирана лично од Блаже Конески, македонскиот џин од Небрегово, го одбележуваме роденденот на нашиот брат Дарко Смоковски – Смок.

Не си и никогаш нема да бидеш заборавен!

Дарко Смоковски – Смок (4.1.1999 – 20.12.2022)

Неодамна Комити објавија дека животот го загубил нивниот член Дарко Смоковски, а точната причина за cмррта не е позната на јавноста.

„Го известуваме целокупното членство, како и сите навивачи и симпатизери на клубот, дека денес животот го загуби нашиот член Дарко Смоковски – Смок.

Не постои утеха која може да ја смири болката која во овој момент сите ние ја чувствуваме. Останува сеќавањето, остануваат многуте заеднички приказни на Запад запишани, и останува твојата насмевка по која беше препознатлив. Насмевка која ниту смртта не може да ја победи!

Упатуваме сочувство до семејството и до најблиските.

Дополнително ќе ги соопштиме информациите поврзани со погребот.“, напишаа тогаш од Комити Скопје.

Во продолжение погледнете го видеото по повод неговиот роденден.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде