ДРАМА: Се запалил авион на англискиот фудбалски гигант!

Голема трагедија е избегната денеска на аеродромот во Волфсбург, откако авионот во кој се наоѓале фудбалерките на Арсенал, се запалил на полетување, па останал приземјен.

Според информациите на „Билд“ кој објави и фотографија од запалениот мотор на Боингот, на пистата пред полетување, кога авионот требало да фати залет за да се издигне се слушнала екплозија, а потоа се појавил оган на моторот.

Пилотот за среќа останал присебен, воопшто не полетал, а итно сите биле евакуирани од авионот.

Сведоци на настанот посочуваат дека чудни звуци се појавувале откако авионот тргнал од терминалот кон пистата, а потоа одеднаш настанала експлозијата.

Фудбалерките на Арсенал одиграа 2-2 во женската ЛШ со Волфсбург и сега се сместени во хотел додека чекаат друг авион за да се вратат во Лондон.

Реваншот е идниот понеделник, а победникот оди во финале, каде противник ќе им биде Челси или Барселона.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде