





Британските воздухопловни сили накратко ги прекинаа патролните летови над Црното Море по блиска средба меѓу разузнавачки авион RC-135 и руски авиони Су-27,




изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас. Рускиот авион истрелал пpоектил недалеку од британскиот авион.




Москва тврди дека се работи за технички проблем. Лондон најави истрага.




Блиската средба“ меѓу британскиот и рускиот авион се случила на 29 септември.




„Два руски вооружени авиони Су-27 стапија во интеракција со невооружен РАФ РЦ-135 Ровет Џоинт, цивилен авион кој беше во рутинска патрола над Црното Море.




Не е необично за авионите да бидат во сенка и тој инцидент не беше поинаков. Меѓутоа, при таа интеракција се испостави дека еден од авионите Су-27 истрела проектил во близина на РАФ-от, надвор од видното поле“, рече Волас пред пратениците во британскиот парламент.




Тој додаде дека интеракцијата меѓу авионите траела околу 90 минути и дека по извршената патрола, британскиот авион се вратил во базата, а на рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу му била предочена загриженоста од британска страна.




Извор: Слободен печат



