Драма на Деве Баир: Бугарите донесоа агрегати, МВР им ги врати

Драма на Деве Баир: Бугарите донесоа агрегати, МВР им ги врати

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА.

Бугарите ги донесоа ветените агрегати за струја на преминот „Деве Баир“, а МВР им ги врати назад, пренесува Инфомакс.

Ова пак, беше повод за бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски одново да упати критики за Македонија и да обвинува за сеење омраза.

Агрегаторите беа ветени од бугарскиот вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, но не се знае дали и тој ги испратил.

Од македонското МВР велат дека агрегаторите можат да ги земат, само ако тоа е поткрепено со документација.

„Согласно законските прописи без договор за донација институцијата не може нит да прими нит да предаде донација“, велат од МВР.

Европратеникот Ангел Џамбаски ги обвини македонските гранични власти на преминот „Деве Баир“ дека одбиле да ги примат агрегатите за струја.

„Не е никакво изненадување, бугарските хејтери во Скопје се ќе направат против Бугарија. Инаку вака блеска нивната лага.

Тие самите докажаа дека причината за кршењето на правата на стотици Бугари за слободно движење не е немањето струја,

туку омразата на властите во Скопје кон Бугарија и Бугарите“, напиша Џамбаски на Фејсбук.

Извор: Инфомакс

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде