Доцна вечерва се огласи премиерот Ковачевски – соопшти убави вести

Премиерот Ковачевски ја поздрави одлуката на официјален Белград за изземање на Македонија од забраната на извоз на гас во земјата.

Одлуката е сменета три дена по нејзиното донесување, на 20 октомври.

Привремената забрана и извоз е воведена со цел да се спречи заканата од критичен недостиг предизвикан од глобалното нарушување на енергетскиот пазар, пренесува Танјуг.

Пред малку на својата фејсбук страница се огласи и премиерот Димитар Ковачевски:

„Ветив дека ќе направиме сѐ и дека ќе работиме секојдневно за никој да не мора сам да се справува со оваа криза. Струја, енергенси и храна, мора да има за сите.

Токму затоа, по интензивна комуникација со колешката Брнабиќ, официјален Белград реши да ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас.

Преку политиките на добрососедство, тесната соработка во рамки на Отворен балкан, но и партнерскиот однос,

во време на енергетска криза обезбедуваме поддршка онаму каде највеќе треба, компресиран гас за училиштата и болниците во многу градови низ земјата.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде