Доцна вечерва БОMБА на Христијан Мицкоски: А, да не имаме ние пратеници за ново мнозинство?

„Оваа егзибиционистичка и лоша политика која ја води Владата не доведе до една ваква ситуација и ВМРО-ДПМНЕ многу пати до сега предупредуваше дека на овој начин практично билатералниот спор ќе стане мултилатерален.

Односно сега ќе стане спор помеѓу Македонија и Европската Унија, нема да биде веќе Македонија и Бугарија“,изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на Македонската телевизија во емисијата „Отворено студио“.

Мицкоски смета дека тоа е огромна и катастрофална грешка која ја направи оваа Влада, бидејќи не ги отпочна преговорите, повторно лажни вести кажува во јавност, односно го манипулира сопствениот народ.

Ако ги отпочнеа преговорите чуму сето ова околу менувањето на Уставот и не требаше да има дополнителни услови бидејќи Албанија нема.

Тој додаде дека тоа значи дека Македонија има дополнителен услов. Не почнаa тие преговори што значи дека власта направи грешки и отстапки, а не добија ништо за возврат.

Мицкоски потенцираше дека доколку не се наиде на соговорник од другата страна, тогаш ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да собере 61 пратеник во Парламентот и да го напушти договорот со источниот сосед,

бидејќи тој договор не е ниту договор за пријателство, ниту е договор за добрососедство, а тоа може да се види преку последното однесување од страна на источниот сосед.

Зборувајќи за изјавите на функционери на власта дека во ВМРО-ДПМНЕ има проевропско крило кое би гласало за уставните измени, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на МРТ постави контра-прашања: А, да не имаме ние пратеници за ново мнозинство?

-Па не дека најавувам ново мнозинство, но како што тие најавуваат дека преговараат, и ние имаме право да работиме на ново мнозинство да ја урнеме власта.

Нормално дека работиме на тоа, има конкретни чекори. Само внимаваме да не има нов Кастриот. Разговараме со неколку од 120-те пратеници, рече Мицкоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде