Доцна синоќа тешка сообраќајна несреќа, младо момче итно пренесено во болница

Доцна синоќа тешка сообраќајна несреќа, младо момче итно пренесено во болница

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА.

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа во Прилеп помеѓу патничко моторно возило и мотоцикл.

Според информациите од полицицјата, синоќа во 16.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Орде Чопела“ со ул.„Мире Цилкоски“ во Прилеп

се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд“ со прилепски регистарски ознаки,

управувано од А.С.(71) од Прилеп и мотоцикл „априлија“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(35) од Прилеп.

По несреќата, Г.К. бил пренесен во Градска болница Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде