Сообраќајна незгода се случи вечерва на патниот правец А2 Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, објави Охрид прес.
Читатели на OhridPress до редакцијата доставија фотографија и информираат дека во незгодата, која се случила нешто по 19:00 часот, учествувало едно возило, кое од до овој момент непознати причини излетало од коловозот.
Неофицијално во возилото биле три лица, од кои едно е повредено.
Повеќе информации во текот на утрешниот ден.
Извор и фото: Охрид прес