Детал од снимка со Путин влева страв: Зад него е човек со торба! Ги има три во цела Русија, еве што има внатре

Владимир Путин ги посети мобилизираните резервисти, а придружуван од човек со мистериозна актовка.

Рускиот претседател Владимир Путин придружуван од министерот за одбрана Сергеј Шојгу вчера го посети полигонот за мобилизирани резервисти во областа Рјазан, југоисточно од Москва,

а денеска на социјалните мрежи се појавија бројни фотографии, меѓу кои и оние на кои се гледа како Путин пyка од снајпер.

Шефот на Кремљ дошол да ги поддржи војниците кои одат да се борат против Украина, а на видео објавено на телевизија, тој е прикажан како пyка од снајперска пyшка и како гушка еден од војниците.

Но, поинтересно од тоа е она што се случуваше зад сцената. Имено, човекот што го придружувал држел нешто што според некои информации би можело да биде една од нуклеарните актовки, позната и како „нуклеарна топка“.

Чегет“ е дел од системот за автоматска команда и контрола на руските стратешки нуклеарни сили. Се верува дека ги има три, а Путин секогаш при рака има една од овие актовки.

Иако содржината на споменатата актовка не може да се провери, некои аналитичари коментираат дека ова е само уште еден обид на Путин да го заплаши Западот по серијата нyклеарни закани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде