Дали ќе имаме снег за Божиќ? Открива Славчо Поповски

Во поголем дел од земјава сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и вдолж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, кои попладне делумно ќе се намалат.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 17, а во местата со магла од 5 до 7 степени.

Во Скопје во поголем дел од денот со магла, која попладне краткотрајно делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.

Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури.

По котлините вклучувајќи ја и Скопската Котлина и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури, велат од УХМР.

Во продолжение временската прогноза и на Славчо Поповски:

Во првата седмица од оваа нова 2023 година продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умеренаоблачност. Ќе биде претежно тивко а само во среда ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Особено топло ќе биде на повисоките места и на планините, додека по котлините ќе има појава на густа магла и ниска облачност, особено во ноќните, утринските и во претпладневните часови.

Температурите ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени, додека во местата со магла и ниска облачност истите ќе бидат пониски.

Во Скопје и понатаму ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните, утринските и во претпладневните часови. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 9 степени.

Снежна идила и бел Божиќ за жал нема да имаме и оваа година, ќе имаме натпросечно високи температури на воздухот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде