Цело жири „падна“ од смеење поради коментарот на Македонката Мелани Тарчуловска во „Ѕвездите на Гранд“: Го бирам Ѓорѓе затоа што никој не го избра

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА

Вчеравечер на големата сцена на „Гранд“ се претстави и 17-годишната Мелани Тарчуловска, ќерката на Соња и Јохан Тарчуловски.

Таа ги изведе песните „Пожели среќу другима“ и „Тажна љубов среќна песна“.

И покрај големата трема која се слушаше во нејзиниот глас, успеа да се избори и да ја добие наклонетоста на жирито, кое ја награди со 5 гласа, а за свој ментор го избра Ѓорѓе Давид.

Саша Поповиќ во еден момент ја праша дали го познава Ѓорѓе од порано и зошто го избрала него.

„Никој не го избра вечерва“ – го насмеа таа целото студио со својот искрен одговор.

„По оваа реченица, среќен ти пат за Скопје, овде нема што повеќе… Ѓоле дали ја сакаш“ – се пошегува Поповиќ.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА

Извор: Сител ТВ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде