Бугари порачаа: Македонистите не се добредојдени во Благоевград

Советот на Општина Благоевград го забрани отварањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, именуван по славниот македонски поет.

Благоевград нема да биде центар за слични пропагандни провокации – се вели во образложението на декларацијата изгласан од Советот на овој бугарски град.

Истото го потврди советникот Кирил Илиев од ГЕРБ, кој изјави дека со оваа декларација им порачуваат на „македонистите“ дека не се добредојдени во градот.

Од македонска страна засега ја регистриравме изјавата на Јована Мојсовска од Левица, која преку социјалните мрежи го осуди однесувањето на локалната власт на Благоевград.

– Благоевград усвоил декларација со кој се спротивставува на отворање на клубот кој го носи името на Никола Вапцаров.

Додека ги глорифицира фашиcтичките кpвници Ванчо Михајлов, на Бугарија и’ пречи Вапцаров кој бил поетски великан и социјалист (стрелан од фашиcтичката влада).

Анти-македонската политика на Бугарија е сведена на анти-социјализам – објави Мојсовска на социјалните мрежи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде